Дома Фудбал Англија ФА Куп: Фабрегас се прости од навивачите, Мората донесе победа за Челзи

ФА Куп: Фабрегас се прости од навивачите, Мората донесе победа за Челзи

Фудбалерите на Челзи рутински ја завршија работата во третото коло од ФА Купот, откако со 2:0 го победија Нотингем Форест.

Челзи славеше против екипата од Чемпионшип со 2:0, а херој на „сините“ беше Алваро Мората.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Шпанецот постигнуваше голови во 49-тата и 59-тата минута, а два пати му асистираше Хадсон-Одои. Помеѓу двата гола, Мората имаше и едно неверојатно промашување.

Фабрегас промаши пенал во првото полувреме, а во 85-тата минута беше заменет. Во тој момент навивачите го испратија со овации бидејќи многу веројатно е дека ова беше негов последен натпревар за Челзи. Наскоро би требало да направи трансфер во Монако.

ФА Куп резултати:

Акрингтон – Ипсвич 1:0

Астон Вила – Свонси 0:3

Болтон – Валсал 5:2

Брентфорд – Оксфорд 1:0

Дерби – Саутемптон 2:2

Евертон – Линколн 2:1

Флитвуд – Вимблдон 2:3

Глингам – Кардиф 1:0

Миделсброу – Патерборн 5:0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Понудата на Барселона за Левандовски предизвика гнев во Полска

Барселона му понуди на Роберт Левандовски продолжување на договорот, но со намалена плата,…