Дома Фудбал Англија ФА Куп: Свонси после повеќе од 50 години во 1/4 финалето (Видео)

ФА Куп: Свонси после повеќе од 50 години во 1/4 финалето (Видео)

swansea

Eкипата на Свонси успеа да ја искористи предноста на домашен терен и да слави против Шефилд Венздеј.

Свонси е во ¼ финалето од ФА купот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тие денес успеаа да стигнат до победа од 2:0 против Шефилд во вториот натпревар од 1/8 финалето, првиот натпревар заврши без победник 0:0.

Првото полувреме заврши без погодоци, а во вториот дел Џордан Ајб успеа да погоди во 55 минута и да донесе предност за домаќинот. Победата ја потврди Нејтан Дајер во 80 минута, после асистенцијата од Абрахам.

Во ¼ финалето Свонси ќе игра против победникот од натпреварот помеѓу Тотенхем и Рочдељ.

Иначе ова е прво ¼ финалето во ФА купот за Свонси после 54 години.

Во продолжение погледнете како изгледаат четвртфиналните парови:

Свонси – Тотенхем/Рочдељ

Виган – Саутемптон

Лестер – Челзи

Манчестер Јунајтед – Брајтон

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…