Дома Трансфер зона Фати ја шокирал Барселона: Сака 10 пати поголема плата!?

Фати ја шокирал Барселона: Сака 10 пати поголема плата!?

Ансу Фати (17) во првиот настап за Барселона во новата сезона одигра одличе ннатпревар.

Во премиерата на „новата Барселона“ после доаѓањето на Куман тинејџерот беше еден од најдобрите на теренот во победата од 4:0 против Виљареал. Фати ги постигна првите два гола за Барселона во 15. и 19. минута и така стана најмладиот играч во топ 5 првенства кој стигнал до бројката од 10 голови во сите натпреварувања од почетокот на минатата сезона. Треба да се спомене и дека во 35. минута избори пенал.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фати од кога добива шанса констатно игра добро и во последните девет настапи за Барселона како првотимец постигна седум голови со само девет удари кон голот, а избори и два пенали.

Таквата игра младиот фудбалер изгледа сака добро да ја наплати, барем според она што го пишува „Марка“. Познатиот шпански медиум објави дека Фати бара 10 милиони евра годишно. Наводно, причината поради која Фати се охрабрил да побара ваква понуда е и понудата од 150 милиони евра која пристигнала на адреса на Барселона во овој преоден рок. Таа понуда Барса експресно ја одбила. Се шпекулира дека зад таа понуда стоел Манчестер Јунајтед.

Фати после таа понуда и одличниот почеток на сезоната свесно ја преземал иницијативата во преговорите кои се застанати. Барселона од друга страна сигурно не сака да избрзува и да потпишува така големи договори уште веднаш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ричарлисон: Психолог ми ја спаси кариерата

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон откри дека имал психолошки проблеми и дека во еден момент с…