Oткако во минатото коло го совладаа Работнички на Чаир со 3:1 лидерот Шкупи утре ќе ја брка 18. победа во сезоната. Противник на Шкупи ќе биде Струга Трим.
Во ноември Шкупи славеше убедливо со 4:0 на свој терен, па сега посакуваат нова победа. Фатих Исмаили се враќа во редовите на Шкупи после повредите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во струга одиме на победа и не разговараме за тоа. Работевме континуирано и максимално сме подготвени за овој натпревар. Струга има добар тим со добри играчи, но ние сме Шкупи и одиме на победа. Среќен сум што се враќам во тимот после повредите и се надевам дека ќе му помогнам на тимот во преостанатите натпревари“, изјави Исмаили.
За овој натпревар ФФМ како главен судија го делегираше нашиот најдобар арбитар Александар Ставрев.
Фото: ФК Шкупи