Директорот на Милан, Марко Фасоне, кој е еден од најважните луѓе во проектот наречен „Нов голем Милан“ даде интервју за „Gverin sportivo“ во кое зборуваше за ситуацијата во клубот, но и ги опиша ривалите на Милан во новата сезона.
„Во секој клуб имав поинакви задолженија и затоа секогаш ми беше интересно да се занимавам со својата работа. Пример Интер… Тоа е клуб на кој му беше потребен силен човек на клупата. Од Роберто Манчини до Жозе Мурињо. Интер всужност е преубава жена, но наивна плавуша… Така би кажал и Масимо Морати! Сега го пронајдоа Спалети и добро им тргна“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јувентус?
„Тоа е најструктурниот и најкорпоративниот клуб. Дојдов таму од угостителската индустрија, но не ми беше тешко да се прилагодам“.
Наполи?
Татковски клуб. Имаат сопственик кој се прашува за се. Но тие се прилагодија на тоа и се стабилни.