Дома Фудбал Останато Фантастични вести: Младиот играч на Ајакс после една година се разбуди од кома!

Фантастични вести: Младиот играч на Ајакс после една година се разбуди од кома!

Фантастични вести пристигнуваат од Холандија. Фудбалерот на Ајакс, Абделак Нури после цела една година се разбуди од кома и повторно е свесен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На 8 јули минатата година за време на пријателскиот натпревар помеѓу Ајакс и Вердер Бремен, холандскиот играч загуби свест, а потоа итно беше пренесен во болница со хеликоптер. Тој беше поставен во вештачка кома откако му беше дијагностицирано сериозно оштетување на мозокот.

„Неговата состојба се подобри во споредба со пред неколку месеци, но физички се опоравува тешко. Тој не може да се движи, ја движи само главата, но може да комуницира“, изјави братот на Абделак Нури.

Семејството се надева дека неговата состојба ќе се бодобрува иако прогнозите никогаш не биле оптимистички.

Нури, кој во април наполни 21 година, одигра 15 натпревари за Ајакс на кои постигна еден гол и запиша 3 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Мартин Демикелис стана тренер на Лајпциг

Мартин Демикелис е назначен за главен тренер на РБ Лајпциг, објави прес-службата на клубот…