Дома Фудбал Фантастични вести за Перу: Пабло Гуереро ќе игра на Мундијалот!

Фантастични вести за Перу: Пабло Гуереро ќе игра на Мундијалот!

Капитенот на фудбалската репрезентација на Перу, Пабло Гуереро ќе може да настапи на Светското првенство, одлучи денес Врховниот суд во Швајцарција.

Гуереро беше казнет поради тоа што после квалификацискиот натпревар против Аргентна беше позитивен на кокаин. Фудбалерот се бранеше дека истиот случајно го внесол преку чај.

Прво беше суспендиран на шест месеци, но потоа судот за спортска арбитража му ја продолжи суспензијата на 14 после испратената жалба.

Случајот предизвика големо внимение од светската јавност, а во заштита на Гуереро застанаа капитените на Данска Франција и Австралија кои се противници на Перу во групната фаза на Мундијалот.

Интервенираше и претседателот на Перу, Мартин Вискар кој заедно со државните органи му пружи помош на капитенот на репрезентацијата, а во процесот се вклучи и амбасадорот на таа земја во Швајцарија.

Перу во Русија за прв пат ќе игра на еден Мундијал после 1982 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…