Наполи игра одличен фудбал сезонава, но да се биде фудбалер во Неапол има и темна страна, а тоа го почувствува Квича Кварцхелија, човекот кој е вистинско откритие оваа сезона.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кварцхелија е клучен играч на Наполи кој е лидер во првенството, а се до последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите беше и без ниту еден пораз. И покрај тој пораз од Ливерпул, Наполи ја освои групата како првопласиран.




Сега Кварцхелија и се соочи со една непријатност. Имено, изминатата ноќ додека спиел крадци го украле неговиот автомобил. Грузиецот не се разбудил во текот на грабежот само утрото видел дека му го нема автомобилот и тогаш пријавил во полиција.




Неодамна мета на крадци во Италија беа Ди Марија од Јувентус и Тео Ернандез од Милан.