Играчот за врска на Барселона, Андре Гомеш доби голема поддршка од публиката на „Камп Ноу“ кога влегуваше во игра синоќа против Челзи.
Неодамна Португалецот даде многу искрено интервју и откри дека се срами да излезе од дома поради слабите партии на теренот. Поради тоа синоќа фановите на Барса го поздравија со голем аплауз на „Камп Ноу“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ми се случуваше повеќе пати да не сакам да излезам од дома. Луѓето зборуваат за мене, ме критикуваат, а мене ми беше срам да излезам надвор. Се заклучувам дома и не си дозволувам себе си да му поминат фрустрациите“, изјави пред мечот Андре Гомеш.
Португалецот синоќа после натпреварот испрати голема благодарност до фановите за поддршката.