Дома Фудбал Англија Фановите на Јунајтед изнајмија авион, за претстојниот меч во Премиер лигата: Која е причината за незадоволство?!

Фановите на Јунајтед изнајмија авион, за претстојниот меч во Премиер лигата: Која е причината за незадоволство?!

Навивачите на Манчестер Јунајтед изнајмија авион со кој во текот на првенствениот меч со Барнли ќе влече транспарент со порака против извршниот директор на клубот, Ед Вудворд, пренесуваат денес британските медиуми.

Навивачите со пораката ќе бараат од Вудворд да го напушти клубот, како и сопствениците, семејството Глејзер.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Авионот ќе прелета над стадионот носејќи транспарент со натпис „Ed Out – LUGH“, во текот на мечот помеѓу Јунајтед и Барнли на 2. септември.

Тоа нема да биде првпат навивачите на Јунајтед на таков начин да го истакнат своето незадоволство, откако во март 2014. година бараа клубот да го напушти тренерот Дејвид Мојес. Тој беше отпуштен еден месец подоцна.

Јунајтед во текот на преодниот рок доведе неколку засилувања, но навивачите се надеваа на позвучни имиња.

Тренерот на Јунајтед, Жозе Мурињо во повеќе прилики бараше клубот да купи нови играчи, истакнувајќи дека Јунајтед го очекува тешка сезона без засилувања. Екипата во изминатото коло загуби од Брајтон со 2:3, по што се зголемија критиките на навивачите.

Откако Мурињо пред две години пристигна на „Олд Трафорд“, клубот потроши речиси 400 милиони фунти на засилувања, од што едвај петтина од парите ги врати на продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дерби на денот: Може ли Милан до пресврт во Рим!?

Денес на програмата се реванш четвртфиналните натпревари од Лига Европа, а дербито се игра…