Дома Фудбал Италија Фановите на Јувентус „удрија“ до „дрва и камења“ по Алегри

Фановите на Јувентус „удрија“ до „дрва и камења“ по Алегри

Јувентус вчера одигра само реми против Сампдорија 0:0, почеток на сезона и резултатот не е толку голем проблем, но навивачите се незадоволни од играта која ја прикажа „старата дама“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фановите на Јувентус сметаат дека со ваква игра Јувентус нема да има исчекор во однос на минатата сезона кога беа далеку од борба за Скудетото.

Најголем виновник според навивачите е тренерот Масимилијано Алегри и по натпреварот на негова сметка на социјалните мрежи може да се прочитаат голем број критики.

„Изгубени два час, не го гледам Јувентус додека не си замине Алегри…“.

„Од денес и ја се придружувам на кампањата #AllegriOut. Не е можно човекот да нема ниту една тактичка идеја. Не сакам да зборувам за играчите, затоа што прво тренерот треба да ги постави“.

„Сакам да си го зачувам мирот и благосостојбата, затоа повторно ќе го гледам Јуве кога Алегри нема да биде на клупата“.

„Срамен пристап. Бевме пасивни против една Сампдорија. Зошто уште се чека за отказ?“

Вака изгледаат најголем дел од коментарите на навивачите, Јувентус по две кола има победа и реми во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рагник постави услови на челниците на Милан за да ја прифати понудата

Челниците на Милан Џери Кардинале и Златан Ибрахимовиќ отпатуваа во Виена за да преговараа…