Дома Трансфер зона Фановите на Реал се изјаснија: Го сакаат назад Хамес Родригез!

Фановите на Реал се изјаснија: Го сакаат назад Хамес Родригез!

Поголемиот дел од фановите на Реал Мадрид сакаат да се врати во тимот Хамес Родригез, покажа анкетата направена од весникот „АС“.

Во моментов Колумбиецот е на позајмица во Баерн Минхен кој има опција да го откупи неговиот договор на крајота на сезоната за 42 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн треба да донесе одлука до крајот на сезоната, но според последните информации Баварците немаат намера да го откупат неговиот договор.

Тоа значи дека Хамес Рорригез ќе се врати во Реал Мадрид, а фановите преку анкета му порачаа на раководството дека сакаат да остане на „Сантиаго Бернабеу“.

Имено, весникот „АС“ направи анкета на која учествуваа повеќе од 43.000 фанови, а дури 74% од нив одговориле дека сакаат Хамес да остане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Размена помеѓу Барселона и Баерн?

Баерн е подготвен да и го понуди на Барселона Џошуа Кимих (29) и плус пари за Френки де Јо…