Дома Фудбал Англија Фановите на Ливерпул од целиот регион викендов ќе се дружат во Скопје (фото)

Фановите на Ливерпул од целиот регион викендов ќе се дружат во Скопје (фото)

Ливерпул е еден од европските гиганти со најмногу навивачи на овие простори, а „црвените“ од Балканот често организираат регионални собири.

Навивачите на европскиот шампион Ливерпул од регионот, пред се поранешна Југославија овој викенд (26 и 27.октомври) ќе го имаат својот 9-ти регионален собир.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скопје е по вторпат домаќин на фановите на „црвените“ од регионот, а годинашниов собир се очекува да биде збогатен со присуство на фановите од Бугарија и Романија.

Овој деветти регионален собир ќе се одржува во „BackYard Lounge Bar & Kids Area“, а дружењето треба да кулминира со заедничко гледање на неделниот натпревар меѓу Ливерпул и Тотенхем.

На секој регионален собир се организира лотарија, а собраните средства од истата одат во хуманитарни цели. Овој собир нема да биде ништо поразличен. Овој пат собраните средства ќе одат за поддршка на лекувањето на Јана Арсовска, која боледува од редок вид на карцином.

Химната на навивачите на Ливерпул „YOU’LL NEVER WALK ALONE“ ќе се слуша и сабота навечер (26.октомври) за кога е предвидено и официјалното добредојде за гостите.

Досегашните собири се имаат одржано во: Сараево 2013, Зрењенин 2013,  Скопје 2014, Котор 2015, Љубљана 2015 , Загреб 2016, Сараево 2017  и Белград 2018 година.

Собирот го организираат Macedonian Reds.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…