Фановите на Баерн Минхен јасно кажаа кои засилувања сакаат да пристигнат во нивиот тим за следната сезона.
Раководството на Баерн изјави дека значително ќе го засили тимот следното лето и најави голема трансфер кампања.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради тоа „Билд“ направи анкета, на која 84.000 фанови на Баерн гласаа за тоа кој фудбалер сакаат да пристигне на „Алијанц Арена“.
Најголема желба на Баварците е напаѓачот на Лајпциг Тимо Вернер со дури 26% гласови.
Втор на листата е Иско, кој доби 15% гласови, а дефанзивецот на Атлетико Лукас Ернанес кој силно се поврзува со трансфер во Баерн доби 12% гласови од навивачите.