Дома Фудбал Фановите во „екстаза“, Мурињо потврди: Се враќаат Погба и Ибра

Фановите во „екстаза“, Мурињо потврди: Се враќаат Погба и Ибра

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ја потврди информацијата која се појави во англиските медиуми дела Погба, Ибрахимовиќ и Маркос Рохо се спремни за игра.

Тројцата долго време беа надвор од терените поради повреди, но сега се целосно регабилитирани и ќе бидат во групата за утрешниот меч против Њукас.

„Играчите кои останаа тука за време на репрезентативната пауза се рехабилитирани. Дури и тие кои имаа големи повреди, сега се спремни за игра. Станува збор за Погба, Ибрахимовиќ и Маркос Рохо“, потврди Мурињо.

„Сега можам да зборувам за Пол бидејќи е спремен да игра. Сами знаете како играше Јунајтед пред неговата повреда и потоа. Ибра минатата сезона играше скоро секоја минута, но оваа сезона научивме како да фукционираме без него. Сепак Златан е исклучително важен играч за нас. Дали Ибра и Лукаку можат да играат заедно? Добрите фудбалери е лесно да играат заедно“, заклучи „Специјалниот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал и Јунајтед го следат, агентот јасен: Еспозито не мрда од Интер

Двата гола против Франција дополнително го истакнаа Пио Еспозито, но неговиот агент Марио …