Напаѓачот на Монако зборуваше за плановите за иднината и односот со Тиери Анри.
Фалкао беше на радарот на Милан, но на крајот двете страни не се договорија. Колумбиецот остана во Монако на кој оваа сезона не му оди. Тимот и понатаму се бори за опстанок во елитното друштво, извесно е дека сепак ќе се задржат во Лига 1, но се уште не можат да бидат сигурни.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Популарниот „Ел Тигре“ во последно време повторно прикажува добри настапи и последните три гола за Монако ги постигна токму тој.
Меѓутоа сега во интервјуто за „Франс Фудбал“, Фалкао откри дека фудбалот не е неговата единствена страст кога се спортовите во прашање, тој би сакал да се обиде и со играње бејзбол.
„Обожавам бејзбол. Кога бев млад и додека живеев во Венецуела често одев на тренинзи со другарите. Всушност, тоа беше спорт кој го тренирав повеќе отколку што играв фудбал…Често зборувам за тоа со мојата сопруга. Мислам дека кога ќе ја завршам фудбалската кариера ќе се обидам да пронајдам ангажман во некој бејзбол тим. Сакам да бидам како Џордан – тој краток период играше бејзбол во пониските лиги. Јас сепак имам желба да заиграм во некоја од најсилните лиги и да покажам што знам“, порача Фалкао.
Потоа зборуваше и за Анри.
„Мислам дека има добри идеи, знае како е да се биде на теренот и добро ја чита играта. Три месеци сепак беше кратко време за да остави трага во Монако. Така е и во животот, доколку имате време и искуство имате повеќе шанси да се покажете во подобро светло. За жал дојде во клубот кога вледееше криза на резултатите се очекуваше да ги сврти работите на подобро, но не му успеа“, смета колумбискиот фудбалер.