Дома Фудбал Репрезентации Фазлагиќ: Чест е да се биде дел од најдобрата репрезентација на Македонија

Фазлагиќ: Чест е да се биде дел од најдобрата репрезентација на Македонија

Eнис Фазлагиќ е еден од дебитантите во сениорскиот тим на Македонија. Играчот од средниот ред го доби првиот повик во „А“ репрезентацијата за јунските натпревари од Лигата на Нации.

Првата пречка за Македонија биде Бугарија. Фазлагиќ истакна дека е горд што е дел од „А“ репрезентацијата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Чест е да се биде дел од најдобрата репрезентација на Македонија. Цел живот максимално работиме и се спремаме за овој момент. Сакаме на следните натпревари да го дадеме најдоброто. „А“ реперезентацијата е на многу повисоко ниво од репрезентацијата до 21 година, во тренажен процес сум и подготвен да одговорам на предизвикот. Овој тим покажа дека може да прави големи работи. Верувам дека можеме многу да научиме од постарите играчи“, изјави Фазлагиќ.

Заедно со Фазлагиќ дебитанти во „А“ тимот се Томче Гроздановски и Бојан Димоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Големи пофалби за Дончиќ: Ќе биде помеѓу најдобрите тројца кошаркари во историјата

Првиот човек на Далас, Марк Кјубан е убеден дека Лука Дончиќ е најдобриот кошаркар кој игр…