Шпанскиот фудбалер Цеск Фабрегас ја истави отворена можноста да се врати во редовите на Арсенал.
Иако после Арсенал, Фабрегас играше за Барселона и моментално за Челси, сепак мора да се признае дека најдобрите денови од кариерата ги помина во дресот на Арсенал, каде би можел да се врати еден ден.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За време на сесија на Q & A на Твитер во неделата, Фабрегас беше запрашан: Дали ќе се вратите во Арсенал како тренер во иднина ако имате шанса? Неговиот одговор беше краток и јасен: “Се разбира”, изјави Фабрегас.
Да се потсетиме, Фабрегас има 30 години, а член на Арсенал беше се до 2011 година кога се пресели во Барселона, каде што играше во деновите на младоста. Тој моментно е член на Челси, каде што пристигна во летото 2015 година.
Во текот на оваа сезона, одигра вкупно 41 натпревар за Челзи и постигна два гола со девет асистенции.