Дома Трансфер зона Фабрегас го напушта Челзи и како слободен играч се сели во Серија А?

Фабрегас го напушта Челзи и како слободен играч се сели во Серија А?

fabregas

Шпанецот заминува од Челзи, договорот му истекува на крајот од сезоната „Сините“ би го продале во јануари со цел да заработат нешто, но многу поверојатно е да очекуваме да замине како слободен играч на лето.

Фабрегас нема ништо против Сари, но за него во формацијата 4-3-3 нема место, Жоржињо добива предност, а тука се уште Рос Баркли, Ковачиќ и Канте, јасно дека нема да изнаигра.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Би требало да биде во тимот во утрешниот натпревар во Лига купот против Ливерпул, но не и неколку дена подоцна кога Челзи и Ливерпул ќе се сретнат повторно овој пат во Премиер лигата.

Како слободен играч би можел да бира каде да ја продолжи кариерата, за четири сезоно во Челзи има две титули, освои два купа и за клубот кој купи од Барса и тоа како се исплатеше.

Одигра скоро 200 натпревари, а сега според италијанските медиуми веќе разговарал со Леонардо и Милан е спремен да го доведе наредното лето. Сепак, ако Фабрегас го избере Милан ќе мора да прифати помали примања од оние кои ги има во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…