Дома Трансфер зона Фабрегас веќе му кажа ДА на Милан, постои само една пречка!

Фабрегас веќе му кажа ДА на Милан, постои само една пречка!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Фабрегас е се поблиску до Милан во јануарскиот преоден рок.

Милан сака да го засили средниот ред во зимскиот преоден рок, а прв избор е ѕвездата на Челзи, Цеск Фабрегас.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Спортскиот директор, Леонардо веќе подолго време е во преговори со неговиот агент, а последните информации се дека Фабрегас му кажал ДА на „росонерите“ и ги одбил сите останати понуди.

Шпанецот јавно изјави дека не е задоволен од својот статус во тимот и сака Челзи да го пушти шест месеци пред истекот на договорот.

Единствена пречка за реализација на трансферот во моментов е тренерот Маурицио Сари, кој бара да му се донесе замена за Фабрегас во средниот ред.

„Калчомеркато“ пренесува дека следните две недели ќе бидат клучни во реализација на трансферот, но Фабрегас веќе ја избрал следната дестинација, а тоа е Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Лукас Пакета може да биде летната „бомба“ од 100 милиони евра во Премиер лигата

Лукас Пакета потенцијално би можел да биде една од летните бомби во Премиер лигата. Бројни…