Дома Топ вести Фабрегас бара куќа во Милано

Фабрегас бара куќа во Милано

Италијанските медуми пренесуваат дека шпанскиот репрезентативец Цеск Фабрегас изнајмил агенција да му најде вила во близина на Милано.

Ова само ги зголеми шпекулациите за негов евентуален трансфер во Милан, бидејќи „росонерите“ веќе неколку месеци се обидуваат да го донесат Фабрегас на „Сан Сиро“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Минатата недела делегација на „росонерите“ беше во Лондон на натпреварот Челзи – Лестер, а медиумите тврдат дека разговарале со раководството на „сините“ за евентуален трансфер на Фабрегас.

Шпанецот не е во плановите на Антонио Конте, па и самиот наводно се согласил да се пресели во Милано, каде би требало да потпише договор до 2019 година.

Последните информации велат дека Фабрегас бара вила во близина на Милано, поточно на езерото Комо, што само ги засили шпекулациите за негов трансфер на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гигантите се „тепаат“ за младата ѕвезда на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…