Фабиан Руиз минатото лето беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот, а тој одлучи кариерата да ја продолжи во ПСЖ.
Шпанецот блескаше неколку сезони во Наполи, а „светците“ за 24 милиони евра го доведоа во своите редови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, Руиз не се снајде баш најдобро во Париз и во системот на игра на Галтие, па сака да ја промени средината.
ПСЖ исто така е спремен да го продаде, а најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Јувентус и Милан.
„Светците“ се спремни да го пуштат дури на позајмица со право на откуп, а Руиз сака да се врати во Серија А.