Дома Македонски спорт Мак фудбал У18: Висок пораз од Србија на вториот контролен натпревар

У18: Висок пораз од Србија на вториот контролен натпревар

Репрезентацијата на Македонија до 18 години денес претрпе тежок пораз во вториот контролен натпревар против Србија.

Натпреварот за нас одлично започна, Трајановски во седмата минута погоди за предност од 1:0. Сепак, нашатап редност не траеше долго, Србија во 12. и 15. минута постигна два гола за целосен пресврт.

Со тој резултат се замина на полувреме, за во вториот дел Србите да постигнат уште три гола за убедливи 5:1.

Ова беше втор контролен натпревар против Србија, во првиот бевме поразени минимално со 0:1,

Состав: Николовски, Јакупи, Ѓурковски, Фета, Николов, Станковски, Далипи, Фетаи, Абази, Адеми, Трајановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Куп-пресврт за Вардар: по поразот од 1:3, доби четвртфинале на зелена маса

Вардар продолжува во Купот откако беше усвоена неговата жалба за настапот на Окере Ебубе В…