Фудбалерите на Манчестер Сити се вратија на водечката позиција во ПЛ после синоќешната победа во гости кај Манчестер Јунајтед (2:0).
Навивачите на Ливерпул се надеваа дека Јунајтед може да го запре Сити, но Граѓаните го добија градското дерби и така се вратија на лидерската позиција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сити сега на првото место има 89 бода, додека второпласираниот Ливерпул има еден бод помалку. До крајот на ПЛ остануваат уште три кола, а Црвените се надеваат дека тимот на Гвардиола негде ќе киксне.
Премиер лигата продолжува веќе викендот со натпреварите од 36. коло, а во центарот на вниманието сигурно се натпреварите на Ливерпул и Сити. Ливерпул игра на свој терен против Хадерсфилд во петок, додека Сити два дена подоцна му гостува на Барнли.
Што се однесува на 37 коло, Манчестер Сити на свој терен игра против Лестер, додека Ливерпул гостува кај Њукасл. Во последното коло Ливерпул игра пред своите навивачи против Волвс, а Сити му гостува на Брајтон.