Дома Фудбал Англија Уште потпис на новиот договор: Арсенал го доби Лаказет

Уште потпис на новиот договор: Арсенал го доби Лаказет

Францускиот напаѓач Александре Лаказет утринава допатува во Лондон за да потпише договор со Арсенал.

Лаказет одлучи дека е време да го напушти Лион и да направи чекор повеќе во однос на својата кариера и речиси сигурно е дека неа ќе ја продолжи во дресот на Арсенал. Францускиот напаѓач се очекува многу скоро и официјално да го потпише новиот договор со „Топчиите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Би-Би-Си објави дека Французинот успешно ги минал лекарските преглед, па се чека само на официјализирање на новиот трансфер. Се чини ова ќе биде и најголемото засилување за лондонскиот тим за следната сезона, кое ќе чини 53 милиони евра.

26-годишниот напаѓач минатата сезона во француското првенство одигра 30 натпревари, а прецизен беше 28 пати. Во овој трансфер период Лаказет ќе биде второто засилување за Арсенал, по Сеад Колашинац.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…