Примарна цел на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат италијанските медиуми.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека прва желба е дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ, кој на лето сигурно ќе ја промени средината.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Миленковиќ има договор до 2023 година со „виолетовите“ и Јувентус веќе започнал преговори со неговиот агент.
Србинот има понуди од неколку англиски клубови, но тој сака да остане во Италија и да се пресели во Јувентус.
Фиорентина за неговата слобода бара 15 милиони евра, што нема да биде проблем за „бјанконерите“.
Ова значи дека после Киеза и Влаховиќ, уште една ѕвезда на Фиорентина ќе се пресели во Јувентус.