Пред два дена спортот во регионот беше завиен во црно со смртта на кошаркарскиот тренер Дејан Милојевиќ на само 46-години, а денес ни пристигнува тажна вест од светската атлетика.
Имено, на само 29 години почина Шон Барбер, светскиот атлетски шампион од 2015 година во скок со стоп.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Тажно е да се загуби толку добра личност на таа возраст“, објави неговиот агент По Дојл.
Медиумите во САД пренесуваат дека Барбер починал по медицински компликации, меѓутоа не се открива за што точно станува збор.
Пред десет години во Пекинг тој прескокна 5.90 метри и го освои златниот медал и така најави своја голема кариера. Тој беше и канадски рекордер во скок со стап, а во кариерата го успорија здравствените проблеми.
„Имам лични проблеми на кои сега морам да се посветам, повредите, семејството и уште многу нешта за кои ќе мора да направам добра проценка“, изјави Барбер пред три години.
#Throwback to Shawn Barber’s 🇨🇦 5.90m clearance at the 2015 World Championships to secure him the gold medal ❤️
— Owen M (@_OwenM_) January 18, 2024
Once a champion, always a champion. RIP 🙏 pic.twitter.com/J8Qem6gOOP