Дома Останати Кошарка Уште една рапсодија на Србија на СП: Кошот на Филипини го наполнија до врв!

Уште една рапсодија на Србија на СП: Кошот на Филипини го наполнија до врв!

Репрезентацијата Србија стигна до уште една убедлива победа на Светското првенство.

Во второто коло од групата Д на Светското првенство во Кина репрезентацијата на Србија денес ја декласираше селекцијата на Филипини со резултат 126:67.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претходно во првото коло Србија со 46 поени разлика ја победи Ангола, а денес Србите беа уште поубедливи.

Самиот резултат покажува каков натпревар одиграа избраниците на Александар Ѓорѓевиќ. Уште на полувремето имаа предност од 27 поени разлика (62:35).

Единствен во првиот дел кој не влезе во игра кај Србија беше Бобан Марјановиќ, меѓутоа во вториот дел одигра одлично.

 Минутажата помалку или повеќе Ѓорѓевиќ ја распореди кај сите играчи и овозможи сите да го почуствуваат теренот. На крајот најефикасен беше Немања Бјелица со 20 поени, Богдан Богдановиќ запиша 17 (пет асистенции), а Мирослав Радуљица застана на 13 поени и четири асистенции.

Во селекцијата на Филипини најефикасен беше Перез со 16 поени, Делистан уфрли еден помалку.

Во следното коло Србија за првото место во групата ќе игра против Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…