Дома Фудбал Англија Уште еднаш Пеп тргнува по него: Санчез и распродажбата во Арсенал, се стеснува кругот…

Уште еднаш Пеп тргнува по него: Санчез и распродажбата во Арсенал, се стеснува кругот…

Во последниот ден од преодниот рок нудеше дури 60 милиони фунти, во јануари Манчестер Сити ќе се обиде повторно, но сега ќе понуди три пати помалку пари за асот на Арсенал, Алексис Санчез.

Секако, сето тоа бидејќи Чилеанецот на крајот на сезоната ќе биде слободен играч, па веќе од 1. јануари може слободно да разговара со потенцијалните работодавци и пред да го праша Арсен Венгер за дозвола.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Граѓаните“ се секако заинтересирани да оддржат колку-толку добри односи со Арсенал, па подготвија 20 милиони фунти за Санчез. Не е Пеп Гвардиола и толку глупав па да го прават будала некои абнормални парични барања на шест месеци пред истекот на договорот.

Моментално, пореално е „Топчиите“ повторно да ја одбијат понудата од „Итхад“, бидејќи нивната идеја е Алексис да им ги донесе тие 60 милиони, така што ќе им помогне да се пласираат во ЛШ. Можеби ќе се предомислат ако веќе во јануари биде јасно дека Арсенал нема да може да дојде до првите четири позиции. А можеби и Венгер ќе се заинати, па последните шест месеци ќе го остави Санчез на клупата?

Во сезоната во пресрет на Мундијалот, тоа е силен „аргумент“ во преговорите околу новиот договор. Од друга страна, на сите им е јасно дека Чилеанецот би го повикале во тимот дури и шест месеци да не станал од кревет.

Малата минутажа на теренот можеби сепак ќе му даде можност на Санчез конечно да замине, а на сите им е јасно дека тоа е негова желба. Драклсер пак, не игра премногу во ПСЖ и тоа би можело да го загрози неговиот настап на Мундијалот. Ако Арсенал пак, успее да го донесе Германецот, Санчез сигурно ќе добие дозвола да замине. Летото не успеа, како што не успеа да го донесе и Лемар од Монако, па ниту Стерлинг од Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…