Дома Македонски спорт Мак ракомет Уште еден потпис во Битола: Договорот го продолжи и Цветан Кузманоски

Уште еден потпис во Битола: Договорот го продолжи и Цветан Кузманоски

Во овој период во Еурофарм Пелистер се работи на продолжување на договорите, па така откако договорот го продолжи Ненад Костески следен беше Цветан Кузманоски.

Новиот договор на Кузманоски како и на Костески има важност до 2025 година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ова е остварување на уште една зацртана цел на клубот, па веруваме дека довербата во репрезентативен калибар како Кузманоски е важен чекор за растот на клубот“, соопштија од битолскиот клуб.

22-годишниот стружанец ја игра третата сезона во Битола, откако дојде од матичната Струга. Од оваа сезона е член на Еурофарм Пелистер, откако претходно се наметна во Еурофарм Пелистер 2.

„Ова е моја трета сезона во Битола. Задоволен сум, се навикнав на оваа средина. Голем напредок во кариерата ми е што се префрлив во првиот тим, стигнав и во репрезентација и се надевам дека оваа сезона ќе ја оствариме нашата цел, да ги донесеме титулите во Битола“, изјави Кузманоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …