Дома Македонски спорт Мак ракомет Костески потпиша нов договор: Клубот расте, се надевам на враќање на титулите во Битола!

Костески потпиша нов договор: Клубот расте, се надевам на враќање на титулите во Битола!

Ненад Костески ја продолжи верноста кон Еурофарм Пелистер и според новиот договор се обврза на соработка до јуни 2025 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Свесни сме за растот на овој ракометар откако пред три години од ППД Загреб пристигна во Битола и задоволство ни е што ќе соработуваме и во иднина. Веруваме дека заеднички ќе се радуваме на многу успеси“, стои во соопштението од битолскиот клуб.

Задоволство од потписот на договорот истакна и самиот Костески.

„Ова ми е трета сезона тука, задоволен сум и се гледа голем напредок во оваа екипа. Клубот од година во година расте и тоа беше главна причина што го продолжив договорот. Се надевам на големи успеси и враќање на титулите во Купот и во домашното првенство во Битола“, изјави Костески.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…