Дома Фудбал Уште еден помошник на Гвардиола седнува на клупата на друг премиерлигаш?

Уште еден помошник на Гвардиола седнува на клупата на друг премиерлигаш?

Mикел Артета го напушти Манчестер Сити и од помошник кај „граѓаните“ пред неколку сезони стана прв тренер на Арсенал и оваа сезона многу добро му оди.

По истиот пат би можел да тргне и сегашниот помошник на Гвардиола, Енцо Мареска. Познатиот италијански стратег се поврзуваше со Саутемптон, доколку Хаасенхутл добие отказ поради лошиот старт во Премиер лигата.

Марсека сезонава е асистент на Гвардиола, но може лесно да си замине како Артета во 2019 година.

Ако не успее да се договори со Мареска втор кандидат за клупата на Саутемптон е уште еден Италијанец, Доменико Тедеско кој остана без ангажман откако доби отказ во Лајпциг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета собира снимки од ривалите: „36 излегувања за 10 минути, а нема жолт картон!“

Тренерот на Арсенал е на еден жолт картон од суспензија и тврди дека неговите колеги остан…