Дома Трансфер зона Уште еден клуб влезе во игра за потписот на Алиоски

Уште еден клуб влезе во игра за потписот на Алиоски

Иднината на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски се уште не е решена.

Договорот на Алиоски со Лидс заврши и денес клубот потврди дека нема да има продолжување на соработката со македонскиот репрезентативец. Лидс е пред ангажман на Жуниор Фирпо од Барселона, тој трансфер може да биде потврден во секој момент.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алиоски најмногу се поврзува со трансфер во Турција од каде што интерес покажаа Галатасрај, Трабзонспор и Фенербахче. Сепак сега се појавија информации дека нов клуб влегол во игра за неговиот потпис.

Наводно, руската ЦСКА Москва покажала интерес и тие се спремни да му понудат поголема плата на Алиоски од онаа што ја добива на „Еланд Роуд“.

Во последната сезона во Лидс Алиоски одигра 36 натпревари и оствари учинок од три гола и три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…