Дома Фудбал Уште еден доказ за расколот во белгиската репрезентација

Уште еден доказ за расколот во белгиската репрезентација

Репрезентацијата на Белгија е едно од најголемите разочарувања на Мундијалот, откако испадна во групната фаза, а беше еден од фаворитите.

Уште за време на групната фаза се појавија информации за лоша атмосфера во тимот, а поделбите и расколот продолжува и после елиминацијата.

Имено, петмина фудбалери одлучиле да не патуваат со тимот дома и си вратиле со индивидуални авионски билети. Станува збор за Томас Муние, Аксел Витсел, Џереми Доку, Артур Тете и Луис Опенда.

Се појавија информации дури и за физички пресметки по поразот од Мароко, но беа демантирани, а селекторот Мартинес си поднесе оставка после елиминацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Браќата Еспозито ја срушија Франција: Италија со 3:1 на „Сан Сиро“ го нанесе првиот пораз на Зидан

Италија ја совлада Франција со 3:1 во Лигата на нациите. Олисе ги поведе „петлите“, но Пио…