Aмериканскиот кошаркар и ѕвезда на Хјустон, Џејмс Харден игра неверојатно добро на отварањето на оваа НБА сезона.
Харден вчера го предводеше Хјустон до победа кај Њу Орлеанс со 122:116 и во тој натпревар уфрли 39 поени и додаде девет асистенции и четири скока.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со тоа повторно влезе во феноменална кошгетерска форма, за тоа сведочи податокот дека во првите десет натпревари оваа сезона просечно забележувал по 37.3 поени по натпревар. Тоа е највисок просек на отварањето на една сезона во НБА во последните 50 години.
Претходно најблиску до тој рекорд беше Мајкл Џордан во сезоната 1988/89 кога на првите 10 натпревари просечно забележуваше по 36.9 поени по натпревар.
Инаку, за Харден воопшто не е чудно да е најдобар стрелец во лигата бидејќи оваа титула ја освојуваше во претходните две сезони. Минатата во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 36.1 поени по натпревар што беше најдобар просек од сезоната 1986/87 кога Мајкл Џордан имаше 37.1 поени по натпревар.
Хјустон на стартот на оваа сезона игра добро и во овој момент Рокетси имаат учинок од седум победи и три порази.