Бразилската суперѕвезда Нејмар не ги оправда очекувањата кои пред него беа поставени од поодамна.
На врвот на кариерата Нејмар беше во Барселона за која играше од 2013 до 2017 година кога за рекордна сума од 222 милиони евра премина во ПСЖ. Со францускиот клуб освои три првенства во Лига, три купа и Суперкупа на Франција и два пати Лига Купот. Сепак изостана она најважното, Лигата на шампионите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Еден податок кој сигурно може да ги загрижува навивачите на ПСЖ е учинокот на Нејмар во најважните натпревари во ЛИгата на шампионите. Од доаѓањето во Париз Нејмар постигнал само 20 голови во Лигата на шампионите, а од нив само два биле во нокаут фазата од ова натпреварување.
Ако на тој податок го додадеме и тоа што Нејмар беше платен 222 милиони евра тоа значи дека двата важни гола ПСЖ ги платил по 111 милиони евра. Трофеи во Франција веројатно ќе освојувале и без Нејмар.
Веќе се пишуваше за можни промени во Франција сопственикот на ПСЖ Ал Келаифи наводно сакал да се раздели и Леонардо затоа што не бил задоволен од неговите трансфери.