Дома Фудбал Лига на шампиони Утре за прв пат ќе биде направена големата промена во Лигата на шампионите

Утре за прв пат ќе биде направена големата промена во Лигата на шампионите

УЕФА воведува нова промена во Лигата на шампионите која на сила стапува веќе од утре.

Досега навикнавме за секоја нокаут фаза во Лигата на шампионие посебно да се извлекуваат парови, но од оваа сезона тоа се менува.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прво беа извлечени паровите за осминафиналето во декември, а утре во Нион, освен четвртфиналните парови, веднаш ќе бидат извлечени и потенцијалните парови за полуфиналето.

Ова значи дека екипите веднаш ќе ги знаат можните ривали во полуфиналето ако се спласираат и повеќе нема да биде одржан посебен ждреб за овој дел од натпреварувањето.

Секако дека тоа ќе го направи утрешниот ждреб во Нион ќе направи дополнително интересен. Ждребот е закажан за во 12:00 часот.

После вчерашните натпревари Барселона – Лион, Баерн – Ливерпул ги добивме и последните четвртфиналисти. Утре дел од ваквиот ждреб ќе бидат: Барселона, Ливерпул, Јувентус, Манчестер Сити, Тотенхем, Ајакс, Порто и Манчестер Јунајтед.

Оваа сезона после три години Европа ќе добие нов шампион откако Ајакс го изненади Реал Мадрид и го елиминираше во осминафиналето. Интересно е што оваа сезона за прв пат после 10 години (сезоната 2008/2009) ќе гледаме четири англиски екипи помеѓу најдобрите осум во Европа.

Во таа година Манчестер Јунајтед играше финале во кое беше поразен од Барселона со резултат од 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Срамно: Навивачите на Челзи ја навредуваат девојката на Даклан Рајс, таа ги избриша сите фотографии

Навивачите на Челзи на трибините на „Емирати“ за време на последното дерби го исмејуваа из…