Јувентус има намера да ја победи конкуренцијата за новиот талент на европскиот фудбал, 19-годишната ѕвезда на Бенфика, Жоао Феликс.
Жоао Феликс игра фантастична сезона за Бенфика и се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа, а во четвртфиналето од ЛЕ постигна хет-трик против Ајнтрахт Франкфурт.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Скаути на најголемите европски клубови постојано го следат младиот Португалец и сакаат да го видат во своите редови, но се чини Јувентус е во пол-позиција за неговиот порпис.
Весникот „АС“ тврди дека утре ќе има средба помеѓу неговиот агент Жорге Мендеш и раководството на „старата дама“. На средбата би требало да бидат договорени последните детали од трансферот според кој Жоао Феликс ќе му се приклучи во Торино на својот идол Кристиано Роналдо.
За талентот интерес покажуваат уште Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, но последните информации се дека Феликс му кажал ДА на Јувентус токму поради фактот што сака да игра со Роналдо.
#JoaoFelix, altro blitz e dice sì alla #Juve: #Mendes pronto a imporsi sulla clausola https://t.co/OrgOD5XsOz pic.twitter.com/udvZVl1lne
— calciomercato.com (@cmdotcom) April 15, 2019
Бенфика нема лесно да го пушти својот „бисер“ кој во договорот има откупна клаузула од 120 милиони евра. Португалскиот клуб нема намера да преговара и пред неколку дена одби понуда од 75 милиони евра од „бјанконерите“.
Јувентус наводно е спремен да ја плати клаузулата, а за таа цел веројатно ќе го „жртвува“ Пауло Дибала. Поради тоа медиумите тврдат дека утре на средбата помеѓу Мендеш и Паратичи би можел да биде договорен трансферот.