Утре во Торино ќе се решава иднината на Паоло Дибала.
Како што објавија повеќе италијански новинари, меѓу кој е Ромео Агрести човек кој важи за добро упатен со случувањата во Јувентус утре ќе се одржи состанокот со агентот на Дибала, Хорхе Антун и директорите на „старата дама“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Антун во Торино е уште од пред две недели, но мораше да помине карантин од десет дена како што налагаат протоколите за ковид-19 во Италија.
На состанокот кој веројатно ќе се одржи попладне, Антун со Федерико Черубини треба да ги детализира некои отворени прашања.