Најдобриот српски тенисер игра се подобро и подобро како турнирот УС Опен се приближува кон крајот.
Новак Ѓоковиќ сега се избори за место во полуфиналето откако со 3:0 во сетови го совлада најголемото изненадување на турнирот Џон Милман (6:3, 6:4 и 6:4).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Кеи Нишикори кој го совлада Марин Чилиќ со 2:6, 6:4, 7:6, 4:6 и 6:4.
Кај Ѓоковиќ посебно импресионира податокот дека тој единствениот кој со максимален учинок од три одиграни сета се пласираше во полуфиналето што секако значи кога е одморот во прашање.
Во второто полуфинале ќе играат Рафаел Надал и Дел Потро.