Отвореното првенстви на САД би можело да се одржи во Индијан Велс оваа година, поради пандемијата со коронавирусот, пренесува „Марка“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Њујорк, каде традиционално се одржува Гренд слем турнирот, е еден од градовите најмногу погодени од пандемијата од коронавирус, а спортскиот комплекс во моментов се претвора во привремена болница.
Калифорнија, каде се наоѓа Индијана Велс, има поголема веројатност порано да се опорави од коронавирусот. Индијан Велс е домаќин на еден од најголемите турнири на АТП и ВТА календарот, така што инфраструктурата е во можност да биде домаќин на натпревари од Гренд слем.
Турнирот во Индијан Велс беше првиот што не се одржа оваа година заради кризата со коронавирусот, а потоа беа одложени и „Ролан Гарос“ и „Вимблдон“.
Сепак, се очекува УС Опен оваа година да се одигра и тоа со почеток од 24-ти август.
REPORTS: US Open 2020 To Be Relocated To California https://t.co/ndAnwtet3q pic.twitter.com/LJOkoo7Wvm
— EssentiallySports (@sports_ess) April 25, 2020