Дома Фудбал Репрезентации Услов од селекторот до Гризман: Мораш да одлучил до крајот на неделата!

Услов од селекторот до Гризман: Мораш да одлучил до крајот на неделата!

descamp griezman

Францускиот напаѓач, Антоан Гризман се наоѓа во голема дилема пред почетокот на Мундијалот во Русија.

Гризман се уште не донел одлука дали ќе остане во Атлетико Мадрид и наредната сезона или пак кариерата ќе ја продолжи во Барселона. Очигледно дека овој напаѓач се наоѓа под голем притисок, а тоа започна да му пречи на селекторот Дидие Дешам.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според пишувањето на француските медиуми, Дешам и Гризман во текот на вчерашната вечера имале разговор и селекторот на „Триколорите“ сакал да му даде јасна порака на својот напаѓач.

На Дешам му пречи што Гризман е под притисок и му дал услов својата иднина да ја реши до крајот на неделата која е пред нас.

Дешам не сака да ја нарушува атмосферата бидејќи од Французите се очекува многу на Мундијалот. Поради тоа му порачал на Гризман брзо да донесе одлука дали останува во Атлетико или преминува во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…