Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Уругвај ги „спушти на земја“ Русите за прво место, Салах со гол и пораз со прости од Мундијалот (видео)

Уругвај ги „спушти на земја“ Русите за прво место, Салах со гол и пораз со прости од Мундијалот (видео)

Денес на Мундијалот во Русија започна третото и последно коло од групната фаза.

Од 16:00 часот се одиграа два натпревари, Уругвај и Русија се бореа за првата позциа, додека Египет и Саудиска Арабија играа натпревар кој немаше резултатско значење.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекцијата на домаќинот, Русија со големи очекувања влезе во натпреварот против Уругвај, но на крајот мораше да се помири со поразот од 3:0.

Ургувај до предност стигна после само 10 минути игра и тоа со гол на Луис Суарез од слободен удар. Само 13 минути подоцна домаќинот се соочи со нов погодок во својата мрежа.

Играчот за врска Лаксалт шутираше надвор од шеснаесетникот, на патот кон голот топката го погоди Черишев го измени правецот и заврши зад грбот на Акифеев.

Ако после овие два погодоци имаше некакви дилеми околу победникот истите беа отстранети во 36 минута кога Солников го заработи вториот жолт картон и беше исклучен.

Во вториот дел гледавме игра во која рутински Уругвајците ја чуваа предноста, а во финишот од натпреварот Едисон Кавани ги постави конечните 3:0




Вториот натпревар од оваа група кој како што кажавме немаше резултатско значење заврши со победа на Саудиска Арабија од 1:2. Треба да се истакне дека на оваа средба голманот на Египет, Есам Ел Хадари стана најстариот играч кој настапил на едно Светско првенство. Стрелци на головите беа Салах за Египет и Ал Фарај и Ал Давсари за Саудиска Арабија.



На крајот табелата во групата А изгледа вака:

Уругвај – 9 (5:0)

Русија – 6 (8:3)

Саудиска Арабија 3 – (2:7)

Египет – 0 (2:6)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…