Фудбалскиот сојуз на Уругвај испрати отворено писмо до Фудбалскиот сојуз на Англија во кое го повикува да ја укине казната за Единсон Кавани.
Кавани доби казна од три меча и 100.000 фунти откако беше обвинет за расизам со пораката на благодарност што ја прати на свој пријател на Инстаграм во ноември со зборовите: „Gracias negrito“. (Благодарам, црнче).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кавани преку социјалните мрежи објави дека неговиот коментар бил пријателски, а тој доби и поддршка од уругвајската федерација, но и Уругвајската асоцијација на писатели, која смета дека се работи за нормална фраза во уругвајската верзија на шпанскиот јазик.
„Бараме ФА веднаш да ја поништи казната против Единсон Кавани и да го исчисти неговото име во светот. Далеку од осуда на расизмот, ФА на Англија изврши дискриминаторско дело против нашата култура и начинот на живот на уругвајскиот народ“, се вели во соопштението.
COMUNICADO OFICIAL pic.twitter.com/WzLkG6nlSf
— Diego Godín (@diegogodin) January 4, 2021