Девојката на Аргентинецот Де Пол, Тини Стоесел од Атлетико Мадрид откри интересен и необичен детал од моментите кога фудбалерот си дошол дома по шампионското славје.
Де Пол на Мундијалот доби и прекар „телохранител на Меси“ затоа што беше секаде на теренот покрај Аргентинецот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога се вратил дома Де Пол бил многу пијан и едвај знаел каде се наоѓа.
„Се yби пиејќи додека славеше и дома си дојде мpтов пијан. Морав многу да се грижам за него во тие моменти, не можеше да престане да слави.
Во еден момент му кажав „Те сакам“. Сакав малку да се смири, а тој му одговори: „И ја те сакам Меси!“ Ништо не ми беше јасно потоа“, раскажа Стоесел.
Инаку, Стоесел е една од најпопуларните пејачки во Аргентина. Со претходната сопруга Де Пол има две деца.