Дома Останати Урнебесна сцена на Флорида: Американец мислеше дека го сруши рекордот на Болт (ВИДЕО)

Урнебесна сцена на Флорида: Американец мислеше дека го сруши рекордот на Болт (ВИДЕО)

Американецот Ноа Лајлс на неколку моменти беше сензационален светски рекордер со резултат подобар од оној на Усеин Болт во 2009 година на 200 метри, 19.19 секунди.

Лајлс успеа да истрча 18.90 секунди на егзибициона трка во Флорида. Тој беше во неверување за само неколку минути подоцна да сфати дека всушност бил на погрешна патека која е пократка за 15 метри. Значи, Лајлс истрчал 185 метри, а не 200.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Уште на почетокот на трката нешто им беше чудно на коментаторите. Лајлс стекна значително водство во однос на ривалите Леметре и Мартин кои синхронизирано трчаа на свои локации во Швајцарија и Холандија.

„Ова не може да биде вистина, дури и тој (Лајлс) во неверување ги шири рацете“, беше еден од коментарите на ТВ репортерите кои известуваа за трката.

Многу брзо се покажа дека „најдобриот резултат на сите времиња“ на Лајлс е всушност голем кикс на организаторот. И самиот Лајлс беше разочаран од исходот.

„Не можете да си играте со моите емоции вака…Ме ставивте на погрешна патека“, прокоментира Американецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…