Дома Фудбал Останато Урнебесна анегдота на Шчесни: Зошто Вилшер спиел во грмушка?

Урнебесна анегдота на Шчесни: Зошто Вилшер спиел во грмушка?

Војчех Шчесни и Џек Вилшер беа соиграчи во Арсенал, а сега голманот откри една интересна анегдота за играчот за врска.

Фудбалерот на Вест Хем, Џек Вилшер важеше за еден од најголемите таленти во Британија. Oд кога дебитираше за матичниот Арсенал во 2008 година многумина очекуваа да стане еден од носителите во играта на репрезентацијата на Англија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бројни фактори влијаеа на тоа својот талент да го покажува во ретки моменти. Повредите практично му ја унишија кариерата, но секако дека има тој одредена вина.

Вилшер е познат по тоа што сака да ужива во ноќниот живот и добро да се забавува. Знаеше и да се најде на насловните страни поради неговата алкохолизирана состојба.

Дека навистина Вилшер сака да конзумира алкохол и дека понекогаш претерува докажува и анегдотата која за него ја раскажа сегашниот чувар на мрежата на италијански Јувентус, Војчех Шчесни.

„Многу добро се сеќавам, Џек Вилшер толку многу се напи на мојата венчавка што во еден момент моравме да го бараме цели два часа. Едвај го најдовме во една грмушка каде што спиеше“, откри Шчесни.

Вилшер во младинските денови беше дел од Лутон, а Арсенал го доведе уште во 2001 година и до 2008 година беше дел од младинските категории и на „топџиите“. Во 2008 година доби шанса во првиот тим, а во Арсенал се задржа до 2018 година со тоа што во 2010 беше на позајмица во Болтон, а во сезоната 2016/2017 го носеше дресот на Бурнемоут. Во изминатото лето направи трансфер во Вест Хем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…