Дома Фудбал Урнебесен кикс на Лигата на шампионите: За нив Ван Дајк е – девец! (ФОТО)

Урнебесен кикс на Лигата на шампионите: За нив Ван Дајк е – девец! (ФОТО)

Официјалната Инстаграм страница на Лигата на шампионите објави видео компилација од најдобрите моменти на Вирџил Ван Дајк на „Ноу Камп“ против Барселона додека стоперот го носеше дресот на Селтик.

Во оваа ситуација фановите забележаа еден кикс од страна на лицата кои го водат Инстаграм профилот на најелитното европско натпреварување.

Имено, тие место „Virgil“ го напишаа „Virgin“(девец). Грешката брзо беше поправена, но сепак остана доволно долго за да се рашири на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…