Дома Трансфер зона Умтити може да ја напушти Барселона за трансфер во Премиер лигата?

Умтити може да ја напушти Барселона за трансфер во Премиер лигата?

Ако им веруваме на шпанските медиуми Самуел Умтити е спремен да ја напушти Барселона.

Иако на почетокот на сезоната потпиша нов договор кој со Барселона го обврзува до 2023 година медиумите во Шпанија пишуваат дека Умтити е спремен да ја напушти Каталонија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Наводно, одличниот дефанзивец добил понуда од Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ се спремни да го доведат во своите редови и на Барселона без проблем би и платиле 60 милиони фунти.

Умтити наводно нема ништо против промена на средината, а Барселона сумата од овој трансфер би ја искористила за доведување на Матијас Де Лихт за кого каталонското радио неодамна објави дека е пред трансфер во Барселона.

Младата ѕвезда на холандскиот гигант го воодушеви фудбалскиот свет и голем број европски клубови покажаа интерес за неговиот потис. Помеѓу нив беше и Барселона која наводно ја добила трката.

Умтити така после три години би можел да го напушти „Камп Ноу“. Тој во Барселона пристигна од Лион за сума од 30 милион иевра во 2016 година, но во последната година имаше големи проблеми со повредите.

Наводно токму повредите се причината поради што Барселона сака да го продаде. Сметаат дека тие ќе бидат проблем и во иднина и понудата од 60 милиони фунти за нив изгледа прифатливо.

Умтити вкупно за Барселона одигра 93 натпревари и постигна два погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…