Дома Трансфер зона Умтити е прескап за Арсенал, „топџиите“ најдоа поефтина опција!

Умтити е прескап за Арсенал, „топџиите“ најдоа поефтина опција!

Според пишувањето на англискиот портал „Goal.com“, Арсенал сака да ја засили својата одбрана следното лето со купување на стоперот на Барселона, Самуел Умтити, но веројатно нема да можат да го платат.

Вредноста на Умтити на „Transfermarket“ изнесува 70 милиони евра, а буџетот на Арсенал за купување на играчи следното лето би требало да се скрати на околу 80 милиони. Каталонците најверојатно ќе бараат и поголем износ за услугите на францускиот стопер, а „Топчиите“ едноставно нема да можат да го платат.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поради проблем со коленото Умтити оваа сезона не играше пет месеци, а настапи на само 12 натпревари. Во последните два месеци игра секој втор или трет натпревар за да ја врати својата форма. Кога е здрав, Умтити е еден од најдобрите светски стопери. Пристигна во 2016. година од Лион и заедно со Пике формираше силен стоперски тандем.

Со оглед на тоа што Умтити е прескап за Арсенал, германските медиуми сега пишуваат дека Арсенал пронашол поефтина опција а тоа е стоперот на Мајнц, Жан Филип Гбамин. Неговата вредност е околу 35 милиони евра, што би била поприфатлива опција за, во однос на англиската конкуренција, поскромниот буџет на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…